АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Согласно Оперативната програма за одржување на улици во зимски услови од вчера попладне до денес во утринските часови исчистени се улиците од прв и втор приоритет , а исто така се исчистени и приодите кон сите села што се дел од Општина Битола, информираше за апла.мк Методи Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.
-До денес наутро се исчистени улиците од прв и втор приоритет , исто така и патиштата до сите села во рамките на нашата општина , само приодите кон селата Ореово и кон Кукуречани се исчитени до денеска напладне. Што се однесува до споредните улици во градот тие се чистат од утрово и чистењето е се уште во тек, изјави Силјановски.
Според него од вчера до денеска наутро по улиците се фрлени 24 тони сол и 24 кубици ризла, за што ЈКП „Нискоградба“ ја ангажираше целокупната механизација.
Од „Нискоградба“ апелираат до граѓаните снегот од чистењето на приодите кон нивните домови и зградите да не го фрлаат на улица, на коловозот.
-Вечерва со падот на температурите нашите дежурни служби се подготвени за посипување на коловозите со сол, особено на улиците со прв и втор приоритет, вели директорот Силјановски.