АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фабриката за опрема и делови- ФОД ДООЕЛ - Битола која е во склоп на А.Д ЕЛЕМ ја изработи и донираше целосната ограда за новата детска градинка во битолското село Кравари. Вработените во ФОД ја изработија оградата во различни бои и апликации од детските анимирани ликови.
Вредноста на донацијата изнесува околу 60.000 денари.
-Секојдневно доаѓаат барања од граѓани, здруженија, спортски клубови, училишта, цркви, манастири, јавните претпријатија кои бараат донации од нашата фирма од материјали и изработки што влегуваат во нашата дејност. Помагаме во многу случаи кои што се за општо добро на граѓаните. Како општествено одговорна компанија наскоро во соработка со Општина Крушево подготвуваме изненадување за љубителите на скијањето во Битола, вели за апла.мк директорот на ФОД, Методија Тасевски.
Битолското село Кравари доби нова детска градинка, која има капацитет да прими 40 деца на претшколска возраст. Градинката работи во состав на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, а за оваа намена опремени се 2 детски занимални. Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија.