2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ретка фотографија од иконостасот на Гарката што изгорел во Крушево 1903

Февруари 15, 2019

Фотографија од стариот иконостас во соборниот храм „Св. Никола“ во Крушево кој изгорел во 1903 година за време на Илинденското востание, беше објавена денес на фејсбук профилот Крушево.

-Ова е најголемото достигнување на протомајсторот Петре Филиповски Гарката и неговиот зет Димитар Станишев. Но, за жал Гарката на крајот на изработката ослепел, запиша под фотографијата познатиот битолски копаничар Злате Крстевски.

 

Инаку, Петре Филиповски-  Гарката бил роден во село ГариДебарско во 1780-тите, а починал во Крушево во 1854 година. Бил еден од најистакнатите претставници на мијачката (дебарската) резба. Карактеристиките на неговата работа се нагласено присуство на човечки, растителни и животински фигури обликувани во згуснат простор, со скусени пропорции, како и специфичната архитектоника на иконостасите што ги изработил.

Дело на неговата тајфа се иконостасите во Лесновскиот манастир (1814), црква „Св. Спас“ - Скопје (1824), црква „Св. Ѓорѓи“ - Призрен (1829) и Бигорскиот манастир (1835). Се смета дека соработувал при изведбата на иконостасот во црква „Св. Богородица“ - Скопје (околу 1840), во Рилскиот манастир (1841-1842), во црква „Св. Благовештение“ - Прилеп (по 1838). Последното остварување бил иконостасот во црква „Св. Никола“ - Крушево, која била запалена во 1903.

Цркавата „Св. Никола“ во Крушево била изградена 1832 година, а изгорела за Илинденското востание. Во центарот на градот во 1904/1905 година била обновена, но во знатно помали димензии. Само многу мал дел од опожарената црква “Свети Никола” денеска има во музејот на Илинденското востание и Крушевската Република и е зачуван цифеблатот (бројникот) на тогашната црква, чии камбани, според записи од раскажувања на страи крушевчани, при опожарувањето и паѓањето се чуле, наводно до Прилеп.

Инаку артефактите од резба од Македонија се вбројуваат меѓу најбројните и најрепрезентативните копаничарски творби на Балканот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани