2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Наградата „Тоде Петрески“ е чест зашто беше новинар кој не правеше компромис во професијата, рече Шеровска

Мај 30, 2019

Прерано починатиот колега „Тоде Петрески“ беше новинар од светски калибар и чест е да се добие наградата што го носи неговото име, рече новинарката Весна Шеровска од ТВ Тера. Таа е годинешната добитничка на наградата востановена по прераната смрт на Петрески, а која традиционално ја додели „Битолски весник“ по четиринаесетти пат.

 

„Ја немав честа да учам од новинарот Тоде Петрески, но затоа пак ја имав честа да го изучувам македонскиот јазик од неговата сопруга Снежана Петреска. Да се добие награда која го носи името на нашиот прерано починат колега Тоде Петрески за мене претставува чест и заоволство бидејќи станува збор за новинар од светски калибар. Беше харизматична личност, паларијата и платото доволно говорат за неговото госпоарство што го носел во себе. Строг кога станува збор за вистината, човек кој не правел компоромиси во професијата. Затоа сум среќна што денес ја добивам оваа награда“, рече Шеровска.

Главниот и одговорен уредник на „Битолски весник“ Менде Младеновски рече дека Тоде Петрески, како еден од доајените на битолското новинарство ги учел колегите како треба да се борат за професијата, но и за достоинството на новинарската личност.

„Тоа што го отсликуваше Тоде додека ја обавуваше новинарската професија беше неговата храброст и решителност. Знаеше со најмалку зборови најмногу да каже за слободата на новинарството. Денес новинарите треба да се изборат за односот на општеството кон медиумите, кон новинарството и новинарите“, рече Младеновски.

Сопругата на Тоде, Снежана Петреска, пензиониран професор по македонски јазик, изјави дека неговата мисија и порака беше вистината.61100922 1306271246195944 6935445509486149632 n 768x432

„Toj велеше дека единствената негова религија во животот е вистината и единствено на неа ѝ се поклонуваше. Беше прогонуван во сите времиња, но беше храбар и ние се носевме со таа негова храброст понекогаш полесно, понекогаш потешко. Порачувам новинарите да бидат прогрес во општеството, а не да бидат во џебот на некои политичари“, порача Петреска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани