2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

БИТОЛА ВЧЕРА ВЕЧЕР ПОЗAГАДЕНА ОД НОВАЦИ, ПОКАЖА НОВИОТ СЕНЗОР НА „ЗЕМИ ЗДИВ“

Ноември 28, 2019

Битола вчера вечер била повеќе загадена од Новаци иако на нејзина територија е комбинатот „РЕК“ Битола. Ова го покажаа податоците од деветтиот сезнор што го постави Платформата „Земи здив“ за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола. Деветтиот сензор е поставен на фасадата од општинската зграда во Новаци оддалечена на 2 километри од РЕК, а во Битола на различни локации се поставени осум други мерачи на квалитетот на воздухот од „Земи Здив“.

 

„Мерната станица што ја поставивме во Новаци, од вчера има дел податоци, па направивме еден пресек на концентрациите помеѓу 18 и 24 часот. Генерално се забележуваат високи концентрации во Битола , а пониски во Новаци. Барем за таа вечер загадувањето не доаѓало од тој простор. Ние зборуваме за краток период од шест часа, а кога ќе имаме подетални сумирања од неколку месеци или барем еден месец ќе можеме да направиме пресек и да донесиме заклучок“, рече Мите Ристов од „Геосфера“ која е составен дел од Платформата „Земи здив“.ZEMU3

Претседателот на платформата Драган Вељанов ги повка битолчани што почесто да ја користат мобилната апликација која нуди податоци во текот на 24 часа за состојбата во водухот во Битола, како и надлежните за да можат врз основа на нив да направат стратегија за решавање на проблемот. Тие вчера ги презентираа податоците собрани од сензорите во изминатите осум месеци.

„ Оваа глобална мрежа не е еден вид конкуренција на државниот мониторинг систем за квалитет на воздухот туку едно дополнување зашто Битола иако е еден од најзагадените градови во земјава и во Европа немаме константен државен мониторинг и ете сега сме сведоци дека мерната станица Битола 1 е исклучена од јуни, не функционира, а Битола 2 не функционираше 6 месеци, значи немаме константен моноторинг, а редовен мониторинг е 24 часа 365 дена во годината што го овозможуваат нашите сензори“, рече Вељанов.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани