2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Стрежево" нарачува физибилити студија за вештачки снег

Јануари 28, 2020

„Глобалното затоплување, претставува сериозна закана и предизвикува сериозни климатски промени. Како последица на овој феномен, снегот го нема или брзо се топи и на ски центарот Нижеполе. Јавното претпријатие 'Стрежево' како општествено одговорно претпријатие, превзема чекори за поефикасно справување со климатските промени и примена на еколошки иновативни пристапи и технологии. Затоа, во интерес на сите граѓани, а со цел збогатување и подобрување на вкупната туристичка понуда на Пелистер, потребата од континиуирана и продолжена сезона за скијање, ќе се направи физибилити студија за проект за вештачки снег.

Тоа ќе биде првиот чекор кон реализација на сонот на битолчани и пошироко – скијачка сезона од декември до март. Како општествено одговорно претпријатие се охрабривме да го направиме тоа за нашиот град и нашата земја со една единствена цел - современ ски центар Нижеполе и задоволни посетители“, изјави Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани