Граматковски-„Стрежево“ даде предлог за цената на водата од хидросистемот, одлучува Владата

Ноември 24, 2023

Ќе има ли поскапување на цената на водата во Битола и од што ќе зависи формирањето на новата цена се огласи и ЈП „Стрежево“ Битола. Цената на водата за пиење во Битола зависи од одлуката на Регулаторна, но и од цената која Владата ќе ја утврди за Хидросистемот „Стрежево“ Битола од каде „Водовод“ во сушниот период купува сурова вода. И за „Стрежево“ и за „Водовод“ се чека одлука.

Од ЈП „Стрежево“ Битола кое располага со акумулацијата хидросистем „Стрежево“ и од каде битолски „Водовод“ купува сурова вода во летниот период или без оглед на годишното време кога нема доволно вода од сопствените извори, ни потврдија дека побарале регулирана цена од Владата за период од 2024-26 година.

Директорот Методија Граматковски вели дека Владата сѐ уште како основач нема донесено цена за водата која ќе ја продава „Стрежево“ на ЈП „Водовод“ за наредниот период. Претпријатието дава предлог ценовник, но Владата е таа која одлучува. 

„Цената на водата која ‘Стрежево’ ја наплаќа сега од ‘Водовод’ е следна: За регулираниот период 2021-23 година цената вака се движи – во 2021 година 5,15 денари за кубен метар, во 2022 5,38 денари, а во 2023 е 5,56 денари за кубен метар без ДДВ. Ова значи дека цената е многу ниска и од Владата побаравме да биде просечната цена која ни ја предложи Регулаторна комисија за енергетика, а таа е за 2024 година 6,48 денари, 2025 година 6,47 денари и 2026 6,40 денари за кубен метар. Која цена ќе биде прифатена и дали ќе има промена во нагорна или надолна линија сѐ уште не знаеме“, вели Граматковски.  А.Б 

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани