Сто илјади евра од Швајцарската агенција за проект за социјална инклузија на Пелагонсикиот регион

Февруари 04, 2020

Центарот за развој на Пелагонискиот плански Регион ја започна вторта сесија на регионални форуми кои што ги имплементира во рамките на проектот „Одржлив инклузивен регионален развој“, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за соработка и развој. Од вие форуми лани, како најдобар беше избран проектот за Парк за деца и лица со посебни потреби кои се изгради во Битола.

-Темата на годинешната сесија ќе биде социјална  инклузија, а буџетот  кој што е одобрен и кој ќе ни биде доделен доколку тука сите зедно се потрудиме и направиме еден квалитетен проект, ќе биде околу стотина илјади евра. И годинава како и лани,  ќе се одржат четири регионални форуми. На првите три форуми ќе се предлагаат и идентификуваат проекти и идеи, најдобрите од нив ќе прераснат во проектни апликации и истите ќе бидат доставени до донаторот, а една од нив се надеваме ќе биде одобрена и ЦРППР ќе го имплементира тој проект. Доказ дека овие заложби и трудот не се залудни е што минатата година го изградивме Паркот за деца и лица со посебни потреби. Сите знаеме дека тој проект беше избран низ еден партиципативен пристап и беше одговор на барањата на овие форуми, рече Гого Видимче, директор на ЦРППР.

Првите два форуми ќе се одржат во рок од една недела, а потоа ќе биде даден рок од еден месец сите идеи да се подготват со техничка документација, во зависност од предлозите. На третиот форум ќе се дефинираат генералните концепти кои што ќе бидат преточени во идни проектни апликации и испратени до донаторот кој треба да одбере`и еден од тие проекти. На форумите учествуваат општините од регионот и сите здруженија и институции кои работата на полето на социјална инклузија

Е.М

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани