ЗАТВОРЕНА УШТЕ ЕДНА КАФАНА ВО БИТОЛА, РАБОТЕЛА СРЕД БЕЛ ДЕН

Април 10, 2020

Државниот пазарен инспекторат заедно со полицијата во средата затвориле кафана во битолската стара чаршија која работела на сред бел ден, рече Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

 

„Во Битола имаме затворено 15 угостителски објекти, еден е затворен и сега во среда кога на сред бел ден во старата чаршија имало отворено кафана полна со луѓе и поради тоа не почитување заедно со полицијата затворен е и тој објект. Во Битола затворени се 74 кафемати. Сигурно дека сите оние угостителски објекти на кои им е направен записник и се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, се доставуваат платни налози за глоба, доколку глобата не ја платат до определен рок се упатуваат на суд. Изречени казни сѐ уште нема, но во зависност од тоа дали ќе ги платат глобите во рок од 8 дена или ќе одат на суд тоа е право на самите субејти“, рече Пауновски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани