2win800x200

СКОРО ПОЛОВИНА СЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ БОЛНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ БИТОЛА

Април 22, 2020

Здравствени работници се скоро половината од заразените пацинети со КОВИД-19 регистрирани на територијата што ја покрива Центарот за јавно здравје од Битола. Според информацијата објавена од Центарот, до вчера на територијата на Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар замени за испитување се вкупно 239 брисеви, од кои 20 лица се позитивни на коронавирусот. Од нив 17 се од Битола, едно од Демир Хисар и 2 од Кичево. Од вкупниот број на потврдени случаи 9 лица се здравствени работници или од тие 20 дури девет.

 

Од вкупниот број потврдени позитивни лица за регионот на ЦЈЗ Битола, две лица се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола и 1 лице во болницата ‘’8 ми Септември’’ во Скопје. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на КОВИД-19.


Вкупно 186 лица ставени се под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани