Webp.net gifmaker

Уписите на средношколците ќе траат подолго, а пријава им се дава со свидетелствата од деветто

Јуни 13, 2020

 

За да не се создава метеж во училиштата при уписите на ученици во прва година, уписните рокови се продолжени за неколку дена, а при подигањето на свидетелствата од основните училишта, на учениците ќе има се даваат и пријави за во средно.  

 

„Уписите на учениците се намерно продолжени во повеќе денови. Пратени се насоки во училиштата, посебно во оние каде бројот на ученици во изминатите години бил поголем од бројот предвиден во конкурсите, тие уписи да траат наместо два четири дена. Резултатите за учениците кои се запишуваат во средните училишта во прва година ќе бидат истакнати после 15 часот во петок за сите средни училишта. Училиштата имаа задача да подготват по азбучен ред по презимињата на учениците списоци на вратите од училиштата, а медиумите да помогнат на локално ниво со објавување за да не се создава метеж во еден ден пред училиштата. Сите четири дена од уписите подеднакво е правото на ученикот да конкурирта. Дали ќе ги достави документите првиот или последниот ден рангирањето ќе се споведува дури во петок по завршување на уписите“, рече заменик министерката за образование Елизабета Наумовска. 

 

 
-Да упатам апел до родителите кои имаат ученици за упис во прва година во средно. Општината обезбеди пријави која кога ќе ги подигаат свидетелствата од деветолетка, ќе им иде доставена. Ги замолувам пријавите да ги пополнат во нивните домови за да не се создава метеж на местата каде ги доставуваат пријавите. Поради околностите во кои се ннаоѓаме добро би било да имаме социјална дистанца пред просториите каде се вршат уписите-, рече градоначалничката Наташа Петровска. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани