2win800x200

Реконструиран е регионалниот пат Прилеп - Тополчани – Битола по 60 години (Видео)

Јуни 15, 2020

По 60 години реконструиран е регионалниот патен правец Р 1101 делница Прилеп-Тополчани- Битола кој поврзува двете општини во Пелагонискиот Регион, рече на денешнмата прес конференција градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.

„Инфраструктурата во Пелагонискиот регион има огромно значење за државата, бидејќи истовремено претставува и можност за дополнителен економски развој. Една од најголемите капитални инвестиции на Владата на Република Северна Македонија во Општина Могила е реконструкцијата на регионалниот патен правец Р1101 делница Прилеп – Тополчани – Битола кој е инвестиција на Јавното претпријатие за државни патишта.

Вкупната инвестиција за овој пат во должина од 15.5 километри изнесува 59.20 милиони денари, и истиот беше реконструиран после 60 години“, рече Гулевска. Регионалниот патен правец Р1101 поврзува 9 општини во пелагонискиот регион, но е од особено значење за жителите на Општина Могила бидејќи се наоѓа во срцето на Пелагонија. „На регионалниот патен правец поставена е хоризонтална и вертикална сигнализација, и ограда на мостовите која е осветлена навечер. Со реконструкцијата на патната инфраструктура се зголемува безбедноста и сообраќајниот проток, се олеснува пристапот на земјоделците до своите земјоделски површини“, додаде градоначалничката на Општина Могила.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани