АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска, со мајтап го „подбра“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски алудирајќи на неговата „авантура“ од пред некој ден со расторанот во Скопје. Гулевска објавувајќи фотографија како напорно работи во својот пластеник со раноградинарски култури порача - Зеленчукот напредува.
Ние не се криеме во затворениот дел од кафулињата, ние работиме!
Инаку семејството на градоначалничката Гулевска обработува околу 7 хектари земја во плодната Пелагонија, а нејзината мајка е управител на сточарска фарма и одгледува преку 30 крави. Гулевска и покрај работните обврски и ангажманите како градоначалник постојано му помага на семејството и напорно работи на пластениците со раноградинарски култури.