АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешниот состанок на Oпштинскиот кризен штаб се разговараше за актуелната состојба со пандемијата од КОВИД 19. На ниво на Општина Битола, бројот на нови случаи е мал, но континуираното превентивно делување, како и одговорното однесување од страна на граѓаните и редовните постапувања од страна на надлежните инспекторати и СВР Битола, остануваат главна насока за понатомошно делување.
Општинскиот кризен штаб, донесе заклучок, дека во следниот период надлежните институции треба да продолжат како и досега, интензивно да работат на терен, а Општина Битола во координација со Советот за превенција, Општинската организација на Црвен крст Битола и Дирекцијата за заштита и спасување, ќе продолжат со своето информативно, едукативно и превентивно делување. Јавното претпријатие „Пазари“ и понатаму бесплатно ќе дели заштитни маски, за купувачите кои доаѓаат без соодветна заштитна опрема во пазарите, со цел да се овозможи доволна заштита на населението во општината, особено во овој дел каде има зголемено движење.
Досегашните случаи на коронавирус во регионот, покажуваат дека случаите потекнуваат од одредени кластери, во кои лицата меѓусебно се поврзани.
Токму затоа, Градоначалничката Петровска и општинскиот кризен штаб, порачуваат: КОВИД 19 е реалност, а понатамошната ситуација зависи од однесувањето на граѓаните, при што секое невнимателно социјално здружување, претставува одреден ризик. Поради тоа, неопходно е во институциите строго да се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита, а граѓаните да одржуваат редовна хигиена на рацете, да носат заштитна маска и да ја почитуваат социјалната дистанца.