2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

И во учебникот по герографија за втора година гимназија има несоодветни содржини, рече Царовска

Февруари 18, 2021

Министерката за образование Мила Царовска оствари средба со вицепремиерот Артан Груби на која дискутирале за одредени неправилности во учебниците кои треба да се отстранат. Таа го посочи и учебникот по географија на албански јазик за втора година гимназија дека содржи несоодветна содржина. Рече дека ќе се воведат совремни фиктри  кои ќе дозволат само влез на граѓански вредности во образованието. 

 

„Дискутиравме за сите неправилности и досега како Министерство повлековме учебници кои имаат дискриминирачка содржина, исто така и во учебникот по географија за втора година гимназиско образование има содржина која е несоодветна, но формирана е комисија која треба да разработи предлози по кои понатаму ќе постапуваме. Исто така, се разговараше многу посуштински за системско решавање на овој проблем какви филтри треба да се постават во образованиот систем за да не ни се провлекуваат вакви содржини кои е недозволиво да постојат во учебниците во нашата држава. Сметам дека во следниот период тоа системско решение ќе го испрезентираме, ќе помоне на владина седница, па во Собрание.  И во владината програма стои дел дека системот за учебници и дидактички материјал треба да биде модернизиран и да имаме еден современ прстап кон носење на учебници и современи филтри кои ќе дозволат влез само на граѓански вредности во образованието и никако поинаку“, рече Царовска.   

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани