2win800x200

Филипче: Се шири британската мутација на коронавирусот, не е исклучена можноста на дополнителни мерки

Февруари 24, 2021

 

Расте бројот на позитивни случаи во земјава, но здравствените власти велат се прават анализи на што се должи ваквата состојба, дали на британскиот сој на вирусот кој има значително повисока преносливост или пак на непочитување на мерките

-Британскиот сој на вирусот се шири и поради тоа не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава. Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи. Во овој момент се прави анализа на една серија во Лабораторијата во МАНУ. Резултатите ги очекуваме следната недела и треба да дадат одговор и на зголемниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена.  Да продолжиме со почитување на мерките, апелирам да се придржуваме до нив во целост, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

 

Во продолжение дневната статистика за бројот на новозаболени

Во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 274 
-Прилеп 79 
-Кавадарци 55 
-Тетово 39 
-Куманово 34 
-Охрид 29 
-Гевгелија 26 
-Неготино 25 
-Велес 24 
-Штип 20 
-Гостивар 18 
-Битола 16 
-Струмица 13 
-Кочани 12 
-Струга и Крива Паланка по 11 
-Богданци 6 
-Крушево 5 
-Ресен 4 
-Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија по 3 
-Кичево 2 
-Берово 1
 
Починати се 13 лица, по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
 
Регистрирани се 215 оздравени пациенти од:
-Скопје 125  
-Прилеп 19 
-Кавадарци 13 
-Струмица 9 
-Велес 6 
-Битола 5 
-Тетово, Куманово и Неготино 4 
-Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш по 3 
-Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 2 
-Кочани, Крива Паланка и Виница по 1
 
Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.
 
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани