
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Несекојдневна и прекрасна атмосфера имаше денеска во Градскит парк во Битола во организација на вработените во градинката "Естреја Овадија Мара". Паркот ечеше од веселата игра на татковците и децата кои минаа квалитетно време заедно, а се подигна и натпреварувачкиот дух. Целта е, велат од градинката Естреја Овадија Мара, поголема вклученост на татковците во воспитно образовниот процес на децата





.






Поради дефект без парно затоплување остана дел од објектот на градинката „Естреја Овадија Мара“ во населбата Стрелиште во Битола каде покрај клонот „Колибри“ со 120 деца, на вториот кат потстанар е подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ со 60 ученици. Директорката Лидија Тфирст Митревска вели дека ја известила општината веднаш кога се појави дефектот на системот, но се уште ништо не е преземено, па училниците од подрачното училиште се без затоплување, а постои опасност целосно без парно да останат и децата во занималните.
И градинката "Пролет", клон на ЈУДГ "Естреја Овадија Мара" е целосно обновена и со нов изглед.
Обновата на повеќето детски градинки низ Битола се случува за првпат по повеќе децении. Така е и со градинката Вангел Мајорот, клон на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", каде после 40 години набавен е нов мебел, откако претходно е поставен нов покрив на градинката, комплетно молерисан објектот и темелно лакиран паркет, исто така после 4 децении
