2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Поради високите температури и зголемената потрошувачка на вода се известуваат граѓаните на Општина Битола рационално да ја користат водата.

ЈКП "Водовод" во наредниот период ќе врши дополнителни контроли за утврдување на евентуална злоупотреба од енормна потрошувачка на вода за пиење од страна на несовесни потрошувачи.

Поради изведување на градежни работи   (промена на атмосферска и фекална канализациона мрежа) од страна на ЈКП „Ниско Градба“ Битола, на ул.Св. Климент Охридски“ во Битола ( на потегот од ул. „Солунаска“ до ул. „Партизанска“), можно е да дојде до оштетувања на индивидуални приклучоци на водоводната мрежа, а со тоа и прекинување со водоснабдувањето на корисниците на вода.

За подетални информации во врска со водоснабдувањето граѓаните ќе бидат благовремено информирани од страна на ЈКП „Водовод“ Битола.  

Екипа на ЈКП „Водовод“ Битола во моментот работи на отклонување на дефект на индивидуален приклучок на ул. „Св. Климент Охридски“.

Поради зачестените појави на бесправно користење на вода на територијата на град Битола и околината каде ЈКП „Водовод“ Битола врши дистрибуција на вода за пиење, во наредниот период ќе бидат организирани зачестени контроли од страна на ЈКП „Водовод“.

При контролите странката е должна да им овозможи пристап на контролорите до местата на потрошувачка на вода, како и до мерилото-водомерот. За сите физички и правни лица кај кои ќе бидат констатирани неправилности ќе се преземат мерки согласно Правилникот на ЈКП „Водовод“ Битола и Кривичниот закон на РМ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани