2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека понеделник 28.02.2022 и вторник 01.03.2022 год. ке се врши запишување на огревно дрво, по цени за: Просторен метар даб= 3.100ден.Просторен метар бука=3.000 ден.

Запишувањето ке се врши од 10 до 14 часот од страна на председателите на месните ограноците во просториите на месните заедници, како и во претходните години, освен:

  • Месниот огранок ,,Таки Даскалот,, ке запишува дрва во прстории на училиштето ,, Ѓорги Сугарев,,
  • Месните ограноци ,,Стево Патако,,и Вељко Влаховик,, ќе запишуваат дрва во Здружението на пензионери Битола, во пензионерскиот клуб.
  • Месниот огранок ,,Даме Груев,, ке запишува дрва во просториите на Месната заедница ,,Борис Бастеро,, на 02 и 03 март 2022год.

 

Здружение на пензионери   Битола

Се известуваат пензионерите членови на Здружението на пензионери – Битола, Новаци и Могила кои имаат пензија до износ од најмногу 12 000 денари месечно, како пензионери самци, или најголем износ на вкупна пензија до 20.000.- доколку се двајца пензионери во семејството, дека почнувајќи од 01.02.2022 година заклучно со 04.02.2022 година во времето од 10:00-14:00 часот ќе се прават списоци за доделување на ваучери во вредност од 1.000.- денари, согласно Правилата донесени од ИО под бр. 02-150/2/4 од 11.08.2021 год. 

 
Сите пензионери кои запишале и добиле ваучери во претходната акција за запишување во месец август и септември 2021 година немаат право повторно да се запишуваат.
 
За запишување на ваучери потребно е секој пензионер да достави чек од пензијата не постар од 2 месеци и телефонски број.
Запишувањето на ваучерите ќе го вршат претседателите на Месните Ограноци во просториите на Месните заедници или други простории кои што можат да се користат за вакви цели.
 
Меснит Огранок „Даме Груев“ ќе врши запишување на ваучери на 01 и 02.02.2022 година во просториите на Месната Заедница ,,Борис Бастерот,,, додека Месниот Огранок „Борис Бастерот“ ќе врши запишување на ваучери на 03 и 04.02.2022 година во просториите на Месната Заедница ,,Борис Бастерот,,.
 
Месниот Огранок „Елпида Караманди“ ќе врши запишување на ваучери во просториите Месната Заедница Коле Канински.
 
Месниот Огранок „Таки Даскало“ ќе врши запишување на ваучери во просторииите на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ на 05 и 06.02.2022 година.
Месните Ограноци  „Димче Хаџипоповски“, „Вељко Влахович“ и  „Стево Патако“  ќе запишуваат ваучери во клубот на пензионери на ЗП – Битола од 01 – 04.02.2022 година.
И за овие Месни Ограноци запишувањето ќе се врши од 10:00 до 14:00 часот
 
 
             Здружение на пензионери
                               Битола
 

Извршниот одбор на Здружението на пензионери под претседателство на Даница Петличкова, денес ја усвои програмата за работа на Здружението на пензиниери за следната година, истовремено и програмата за работа на Надзорниот одбор и финансискиот план за 2022 година. Беа разгледани и други точки на дневен ред со цел пензионерите и наредната година да имаат богата и разновидна програма. Исто така, активностите на Здружението ќе бидат насочени и кон оставрување на потребите на пезнионерите, посебно на оние кои спаѓаат во ранливите категоирии, социјално загрозени, изнемоштени лица, самци со давање на одредена помош и со згрижување во старски домови, купување и доставување на прехрамбени продукти, набавка на лекови, средства за хигиена, а сето тоа во соработка со волонтерите од Општинската организација на Црвениот крст од Битола и локалната самоуправа.penziooneri 4

Во наредната година ќе се продолжи со давање на хуманитарна помош и други донации по оцена на Извршниот одбор со донесување на посебни одлуки , како и помош организирана заедно со локалната самоуправа преку програмата за социјална заштита во наредната година и преку граѓанските организации, како што е „Ајде Македонија“ и други.

Здружението на пензионери и во следниот период ќе посредува во набавката на огровно дрво за пензионерите, за повластено патување со градскиот автобуски превоз и ќе се вклопи според можностите во активностите што ќе ги организира Сојузот на Здруженијата на пензионери за музичките и спортските натпревати.

На седницата беше истакнато дека преку Поштата и Халкбанка пензионерите доколку имаат потреба можат пензиите да ги земаат на домашна адреса за што банката им стои на располагање за овие услуги во случај да не можат да ги посетат банките. Се расправаше и за поддржување на иницијативата за стекнување со простории во месните заедници и други активности предвивени со богатата програма што беше едногласно усвоена од страна на членовите на Извршниот одбор. Во текот на утрешниот ден седница ќе одржи Собранието на Здружението на пензинери, како и седници со претседателите на месните ограноци и на комисиите.  

ПЕНЗИНЕРИ 3

ПЕНЗИОНЕРИ 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани