АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонската песна „Море сокол пие“ маестрално прозвучи од гитарите на виртуозите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на концертот во Хераклеја. Беа придружувани од позната виолинистка од Лос Анџелес.
Учениците од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, заедно со своите ментори, предновогодишно подготвија настан насловен „Queen - музички спектакл со хумана мисија и љубов кон уметноста“. Познатите хитови на легендарната музичка група Queen беа интерпретирани од ученици на ова средно училиште под ментортсто на професорот по музичко образование Христијан Петковиќ. Во духот на новогодишната атмосфера, овој настан имаше хуманитарен карактер, а учениците од Еко клубот при СОУ „Таки Даскало“ - Битола, под раководство и организација на професорката Драгица Здравковска, реализираа хуманитарна акција за детски играчки и материјални средства кои беа донирани во Заводот за рехабилитација на слух и говор во Битола.
Неколку стотици гости во Големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа заедно со познатата македонска пејачка од Битола, Виолета Томовска, ја испеја песната„Битола мој роден крај“. Ова беше еден од највпечатливите моменти на концертот што Томовска придружувана од групата „Фонтана“ го одржа во Битола на завршницата од фестивалот „Илинденски денови“.