2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Градоначалничка Наташа Петровска, денеска соопшти дека Општина Битола поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник Влдимир Талески, за злоупотреба на службената положба. Петровска рече дека кривичната пријава се однесува за донесување на првано неиздржан акт при легализацијата на планинарскиот дом “Копанки“

Советниците во минатото не гласале за приватизација на Копанки затоа што Советот нема таква надлежност, рече Валентин Груевски, актуелен претседател на општинскиот Совет.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини локалната власт и СДСМ дека во опозиција и во предизборната кампања ветувале обнова на планиарскиот дом „Копанки“, но не преку одземање на неговата сопственост од ПСК „Пелистер“.

-Сите одлуки донесени во минатите состави на Советот на Општина Битола кои беа неопходни во процесот на легализација и утврдување на сопственост на планинарскиот дом „Копанки“ се донесени со конзензус од страна на сите членови на Советот. Во тие состави членови биле градоначалникот Петровска, координаторот на советничката група на СДСМ Илиевски, претседателот на Совет Груевски, и претседателот на СДСМ во Битола Златко Ќурчиевски. Од нив истите додека беа во опозиција и во текот на предизборната кампања постојано слушавме дека се залагаат за решавање на проблемот преку директна финансиска поддршка од страна на Општина Битола за во рамки на постојната ситуација, а не преку одземање на правото на сопственост на ПСК „Пелистер“ врз планинарскиот дом Копанки, рече Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Тој  рече дека членовите на ПСК „Пелистер“ не се членови на политички партии, туку планинари и побара одговори на прашања за кои како што рече битолчани го знаат одговорот.

- Дали и зошто цело време наназад како власт ја обструирате реконструкцијата на "Копанки" од страна на ПСК Пелистер? Дали позади ова решение стои нова афера со уцени од типот на Коки и Кики само сега режирана од Ваш коалиционен партнер? Дали крајната цел е приграбување на "Копанки" од страна на лице кое е близок роднина на висок функционер од актуелната власт, праша Тошевски.

На прашање  зошто планинарскиот дом не беше реконструиран по неговото опожарување во 2013 година и легализацијата на објектот во 2015 година иако за тоа имаше  ветувања, Тошевски рече „зборуваме за правни процедури кои во минатото требало да се испочитуваат“.

Општина Битола ќе го побара во владение и во најбрз можен рок ќе го обнови планианрскиот дом „Копанки“, рече денеска на прес конференција советникот од СДСМ, Методија Иииевски.

-Општина Битола покрена постапка за поништување на незаконското приграбување на државниот имот на планинарскиот дом Кoпанки, сопственост на граѓаните, од страна на здружението ПСК Пелистер. По завршување на постапката и впишувањето на планинарскиот дом Копанки водржавна сопственост општина Битола ќе го побара во владение. Општината на својата сметка има доволно пари да го обнови планинарскиот дом Копанки во најбрз можен рок за што има и одлука на Советот, рече Илиевски.

Иливески рече дека Здружение на граѓани може да биде само закупец на државен имот, а тврди дека некој сакал да го приграби планинарскиот дом на штета на сите граѓани.

-Јавноста треба да знае, здружението ПСК Пелистер има извршено незаконско приграбување на сопственоста на планинарскиот дом Копанки на 10.11.2016 преку негово впишување како таков во Агенцијата на катастар и недвижности. Ова е во директна спротиставеност со членовите 105 и 106 од Законот за утврдување на правен статус. Согласно овие членови Здружение на граѓани не може да биде сопственик на имот кој до 1991 година и припаѓал на државата, односно планинарскиот дом Копанки бил и морал да остане во државна сопственост. Здружение на граѓани може да биде само закупец на овојимот, што било и случај до критичниот 10.11.2016 година кога со помош на тогашната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ, незаконски, преку ноќ, планинарскиот дом Копанки станал приватна сермија на неколку поединци, посочи советникот Методија Илиевски на денешната прес конференција, додавајќи дека Копанки ќе остане на сите граѓани и нема да се приватизира.

-Битолската јавност многу добро знае дека претседателотна ПСК Пелистер е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник во општина Битола во периодот 2009-2013. Само овој факт е доволен доказ за тоа дека со политички игри планинарскиотдом Копанки некој сакал да го приграби, на штета на граѓаните. Се обврзуваме Копанки да го изградиме, да го обновиме, да биде планинарски дом  кој своите услуги ќе ги нуди по пристапни цени. Конечно, планинарскиотдом Копанки ќе им го вратиме на Битолчани, рече Илиевски .

На реакцијата на ПСК „Пелистер“ за одземање на сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“,  соопштение до медиумите испратија и од Општина Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани