2win800x200

Вчера (03.09.) полициски службеници од СВР Битола - ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план "Безбедно лето",  по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул "Караорман" во Битола. При претресите затекнати се М. А. (32), Е.Р.(50),Ш.М.(47),А.И.(36) и двајцата организатори, сите од Битола. Лишени се од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 ,,комар".

 

Битолската полиција соопшти дека пукањето со огнено оружје на свадби и неовластено организирање огномети зачестија во последно време при свадби и други прослави. Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од вакви активности. На терен се преземаат интензивни мерки за контрола и превенција. Присуството на полициските службеници ќе бидат зачестено и ќе вршат контроли за откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

„Преупредуваме дека неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок  и да биде кривично дело. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години“, соопштија од СВР Битола.  

Свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

 

 Денеска (27.07.2022) во периодот од 08.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 46 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 14 останати прекршоци.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, велат од СВР Битола. 

На 24.07.2022, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола, по преземени мерки и активности, на крстосница од ул.„Драгорска“ и ул.„Кирил Пејчиновиќ“ во Битола го пронашле патничкото моторно возило „цитроен ц3” со ресенски регистарски ознаки, за кое на 24.07.2022 Ј.П. од с.Подмочани, ресенско, пријави дека му беше одземено. Возилото е вратено на сопственикот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани