АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
До крајот на октомври ќе биде готова зип линијата во Пелистер, што е дел од новата туристичка понуда која има за цел да ги зголеми приходите на паркот од туризам, а за сметка на тоа да се намалат оние од дозволена санитарна сеча на дрвја. Зип линијата е дел од прекуграничниот ИПА проект „Авантура преку граница“, во кој за Пелистер се обезбедни 203.000 евра.
Веќе се направени адреналински патеки за деца и возрасни кај Инфоцентарот на Пелистер и виа ферата за искачување по карпи кај Јоргов Камен.
„За поставување на зип линијата не беше сечено ни едно дрво. Должината на линијата е 250 метри. Има пешачка патека, на старот се добива опрема, па туристите се движат до локацијата наречена Чемата на Момазот, каде се спутаат по зипот. Висината на сајлата е од 6 до 3 метри во зависнот од тежината на корисникот. Долу ја враќаат опремата и има паркинг каде си го земаат возилото“, вели Оливер Божиновски, одговорен за туристичкиот дел во Националниот парк „Пелистер“.
Ако дозволат временските услови, зип линијата ќе биде пуштена оваа есен. Таа ќе работи во делови од годината кога ќе нема високи на наноси од снег.
„Целта е да ја намалиме сечата на дрвја, а да ја зголемиме туристичката понуда. Тоа ќе значи уште поголема заштита на планината. Сакаме да имаме повеќе соработка со туристи, а помалку сеча, санитетска, тоа е кога се прави проред, а секако е со дозвола од надлежните органи. Сакаме и тоа да се намали , ако влеземе во Европа треба сто проценти да се запре сечата. Ова е еден од начините за тоа и унапредување на животната средина “, рече Божиновски.
Покрај работните обврски, дел до делегацијата на Општина Новаци која е во посета на хрватската збратимена општина Дуги Рат, на своја иницијатива, со зип линија го помина кањонот на реката Цетина во Хрватска кај Омиш. Катерина Чукалевска, Лилјана Најдовска вработени во Општината и советникот Александар Канзуровски, кои се дел од деветчлената делегација, ја изненадија јавноста со својата храброст. Тие со сајла го премостија кањонот каде највисоката точка беше 210 метри. Од снимениот материјал објавен на интернет ви застанува здивот, а не пак да се впуштите во овој потфат.