2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 
Почна реконструкцијата на патот за Маловишта , единствено село кое е сместено во Националниот парк "Пелистер" и прогласено за заштитена споменична рурална целина. 

Долга колона возила се создаде попладнево на патот за Пелистер веднаш над бензиската станица "Макпетрол".

Поради подмрзнатиот коловоз, сообраќајната полиција  го регулираше сообраќајот и за кусо време забрани движење со возила кон Пелистер.

Во изминатите 15 години шајка не беше удрена во овој регион, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а сега се рехабилитираат најзначајните патни правци во Битолскиот Регион. Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалничката Наташа Петровска направија увид врз асфалтирањето на патот од Битола за Демир –Хисар.

Патот од Ресен за Битола не е исчистен од снегот, покажуваат слики што патници ги постануваат на социјалните мрежи.

Снежните наноси на коловозот се нагмечени од возилата што минуваат на оваа релација.

Од Австомото Сојузот на Македонија јавуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваат намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани