АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фб профил.
„Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот. Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“, пишува во постот на премиерот Заев.