Вработените на НП Пелистер спасија срнче од куче бездомник! "Вработените во ЈУ Национален парк -Пелистер Зоран Пројчевски - раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка, изјави директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски за АПЛА.мк https://www.facebook.com/share/r/1BFdwWzA1N/

УБАВА ВЕСТ за ПЕЛИСТЕР! 40 НОВИ КАМЕРИ, 40 НОВИ ЛОКАЦИИ ЗА ВИДЕО МОНИТОРИНГ во реонот на Нижо Поле, Пелистер, Цапари, Вртушка и Брајчино.

 
Јавната установа Национален парк Пелистер активно работи на унапредување на системите за заштита и следење на природата, преку примена на современи методи за мониторинг и научно истражување.
 Во рамки на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со помош на фото-замки, поставени на повеќе стратешки локации низ паркот, вклучително:
Ниже Поле, Пелистер, Цапари, Вртушка и Брајчино.
 Главната цел на овој систем е да обезбеди прецизни информации за состојбата во природата, преку:
– следење на движењето и навиките на дивите животни
– проценка на бројноста на популациите
– навремено детектирање на потенцијални закани
– поддршка на научни и стручни анализи
Посебен фокус е ставен на мониторинг на клучни видови како кафеавата мечка, дивокозата и карактеристични видови птици и растенија, како и на крупни цицачи (волк, рис, дива свиња и срна), кои се индикатори за здравјето на екосистемот.
Дополнително, во континуитет се следат:
– состојбите на вредни и чувствителни живеалишта (глацијални езера, моликови шуми, камени реки и алувијални подрачја)
– ендемични и заштитени растителни видови
– водни екосистеми и популации на пастрмка
– птици, лилјаци, инсекти, водоземци и влекачи
Во исто време, ваквиот систем придонесува и за подобрување на контролата на терен и спречување на активности кои можат да ѝ наштетат на природата.
Сите податоци од камерите во насока на зголемена безбедност во рамки на НП Пелистер ќе бидат достапни на СВР Битола
Апелираме до сите посетители:
– да се движат согласно обележаните патеки
– да не го вознемируваат живиот свет
– да ја чуваат природата чиста
Заштитата на Пелистер е заедничка одговорност, информираат од 
ЈУ Национален парк Пелистер IMG 5d64b21680477a821f4fb7cc84e3f198 V

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски-центрите на планината Баба, кој ќе се реализира утре (четврток)  и во петок.

Од Општина Битола информираа дека локалната самоуправа и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Нижо Поле и „Молика“.

 

Утре, 8 јануари и на 9 јануари, бесплатно може да се користи автобуската линија број 1 за ски центар Ниже Поле, а тргнувањето е во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, и автобуската линија број 2 за превоз до хотелот „Молика“, а поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии од ски центрите е во 13:00 часот, соопштија од Општина Битола. 

Изгубен планинар на Пелистер – во тек е спасувачка акција
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар.
Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех.
Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар биле побарани координати, при што биле доставени координати кои не одговараат на пријавената локација на планинарот.
Остварен е контакт со директорот на Националниот парк Пелистер, Иванчо Тошевски, кој и самиот се наоѓа на терен. Тој стапил во комуникација со началникот на СВР Битола со цел обезбедување на точни координати за лоцирање на планинарот.
Акцијата за пронаоѓање и спасување на планинарот е во тек, потврдува за АПЛА.мк директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски. 
А.Б
Страница 1 од 29

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани