
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битола денеска организираше едукативно предавање на тема „ Современа опрема за сточарство и начини на финансирање на истата“. Предавањето беше наменето за сточари и сите оние што се занимаваат со фармерско млекопроизводство. Млекопроизводителите во голем број го посетија настанот кој се одржа во конференциската сала на СИНПЕКС -Битола.
-“Современа опрема за сточарство и начини на финансирање на истата “ беше најпосетен наш настан до сега. Преку 100 гости-земјоделци и уште 20тина учесници. Благодарност до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците и Директорот Никола Бабовски кој даде комплетна поддршка на сточарите, ЛАГ ЛИДЕР од Прилеп , Агенцијата за поддршка на земјоделството , БИМИЛК Битола , КУРТСАН Турција, КВС-Бугарија, БРАЗДИ, СИНПЕКС- Битола , АЛБИ КОНСАЛТИНГ -Битола и сите други кои со своето учество им помогнаа и објаснија на сточарите како на најлесен начин можат да добијат квалитетна опрема и квалитетен семенски материјал за сточна храна, кои грантови постојат , како да се аплицира во новиот ИПАРД ,а и кои се другите начини на финансирање, велат од здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“.
Марјан Танушевски, член на ЛК „Битола“ го доби највисокото европско признание – медал за лидерство, а одличјето лично му го врачи претседателката на Светската лајонс федерација, Гудрун Ингвадотир од Исланд, во присуство на нејзиниот прв заменик меѓународен претседател Јунг Јул Чои од Јужна Кореа и вториот заменик меѓународен претседател на светската Лајонс федерација, Хајнес Таунсенд од САД.
Постои нешто кое знаеме дека сакаме да го направиме, а не сме направиле ништо во врска со тоа. Mожеме, а само одолговлекуваме или бараме изговори.
Певница во длабок дрворез, вистинско уметничко дело, изработија познатите битолски копаничари од Ателје „Маке Битола“ за црквата „Св. Наум Охридски“ во Виена, Австрија. Резбаниот дел е работен пет месеци од страна на м-р протомајстор Јане Крстески, а зографскот три месеци од страна на м-р зограф Ленче Крстеска. Певницата е напревена по специјална нарачка и веќе е дел од резбаниот црковен мебел во „Св.Наум Охридски“ во Виена.
30 годишен битолчанец со иницијали А.С. е осмничен дека преку социјалните мрежи им се заканувал на пратеници во Собранието на РМ. Полицијата ќе му поднесе кривична пријава поради споделена објава на ФБ со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратениците и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Во строгиот центар на Битола, позади зградата на Библиотеката и во целиот комплекс Стара болница, секој викенд е истата слика. Нема зелена површина, ќоше, скали, каде не е расфрлано со празни шишиња од алкохолни пијалоци и остатоци од храна.
Манастирскиот комплекс “Св .Петка“ во битолското село Цапари денеска ги отвори вратите за верниците за големиот верски празник „Петковден“.
Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола денеска одбележа 90 години од своето постоење. Свеченоста по повод големиот јубилеј се одржа во „Вила Виста“, каде пред вработените, но и сите поканети гости, граѓани, функцинери, претставници на локалната самоуправа, бизнисмени, деловни соработници, се обрати првиот човек на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров.
Тренд на намалување бележи бројот на повреди на работни места во РЕК ,,Битола", беше истакнато при денешното одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа. Годинава евидентирани се 70 повреди на работно место, а пред две години биле 120.
Во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“оваа учебна година е отворен нов кабинет за микро-контролери и микро-компјутери за кој училиштето,како донација, доби дидактичка опрема од компанијата „Логинг Електроникс“ од Скопје.
Донацијата се состои од повеќе „Ардуино“ развојни микро- процесорски системи кои значително ќе ја осовременат наставата по стручните предмети за образовните профили електротехничар за електроника и телекомуникации и електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Со оваа донација училиштето ќе биде во чекор со современите технолошки трендови што сигурно уште повеќе ќе го привлече интересот на младите генерации да го изберат стручното образование како своја иднина.
Ваквите активности помеѓу СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и ДОО „Логинг Електроникс“ се резултат на потпишаниот меморандум за соработка од 16 мај 2018 г. од страна на Златко Крстевски, генерален менаџер на „Логинг Електроникс“, и в.д. директорот на СОТУ Ѓорѓи Наумов, Владимир Роме.Наведената донација е реализирана во рамките на акцијата „Технологија за тебе“ која ДОО „Логинг Електроникс“– Скопје ја спроведува со цел да помогне во образовниот развој на средношколците од електротехничката струка. Од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“изразуваат благодарност за донираната опрема која на учениците им овозможува да бидат во тек со употребата на новите технолошки уреди во брзорастечкиот свет на напредните технологии.
На овој начин раководниот тим на Училиштето го продолжува воспоставениот тренд на модернизација и афирмација на оваа образовна институција која има водечка улога во сферата на средното образование за техничките струки во регионот.