
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ, ОВАА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА СОЗДАДЕ КОМПЛЕТНИ УСЛОВИ ЗА ПОЧЕТОК НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ДЕБАРСКА“
Последиците од 30 годишната негрижа за улицата "Дебарска", денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на проектот за комплетна реконструкција на инфраструктурата на улицата „Дебарска“ согласно Програмата за развојни планови и согласно склучениот договор со Министерството за транспорт, а со средства од унгарскиот кредит од вториот владин повик.
Градежните активности започнаа на првата делница на „Дебарска“, од улицата „Димитар Влахов“ до улицата „Илинденска“.
За реконструкција на мешовитата канализација на дел од улицата вкупната сума на средства е 12.148.109 денари, за реконструкцијата на водоводната линија на дел од оваа улица предвидени се 4.991.136 денари, а реконструкцијата на коловозот ќе чини 20.146.392 денари.
Должината на улицата која се реконструира е околу 1 километар.
После 30-тина проблематични години со оваа улица, оваа администрација изработи проект за улицата, обезбеди средства за реализација, склучи договори со изведувачи и ќе биде комплетно направена.
Вредно е да се спомене дека Општина Битола за инфраструктурни проекти за 2026 година издвојува над 900.000.000 денари, што значи дека главниот акцент оваа локална самоуправа го става на инфраструктурните проекти, додека за култура се издвојуваат нешто под 40.000.000 денари или 22 пати помалку или вкупно 1.9 % од буџетот на Општина Битола за 2026 година.
Вработените на НП Пелистер спасија срнче од куче бездомник! "Вработените во ЈУ Национален парк -Пелистер Зоран Пројчевски - раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка, изјави директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски за АПЛА.мк https://www.facebook.com/share/r/1BFdwWzA1N/


Во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот во Битола наврнале 26 литри дожд на метар квадратен, во Демир Капија, 24, Виница, 21, Лазарополе, 17, Берово, 14, Крива Паланка,13, Гевгелија, 8, Скопје – Петровец, 2, а во Кавадарци, Крушево и Маврови Анови по 1 литар.
Управата за хидрометеоролошки рабои (УХМР) информира дека денеска ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде до 32 степени.
МИА