
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 62-годишна возраст почина режисерот Сашо Миленковски – еден од најистакнатите театарски творци и влијателно име во македонскиот театар.
Во текот на речиси четири децении активна работа, неговата режисерска креативност создава дела со трајна вредност, оставајќи силен и препознатлив белег не само во домашната, туку и во пошироката театарска сцена.
Неговата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, преку ангажманот во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988–1991), кој се разви во значајна сцена за современи театарски експерименти и меѓународна соработка.
Меѓу најзначајните негови остварувања се издвојува праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски во Битолскиот народен театар (1992), која освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и беше изведена на „Охридско лето“ и „Млад отворен театар“. Со оваа претстава, како и со „Буре барут“ поставена во Македонскиот народен театар во 1994 година, Миленковски даде значаен придонес во промоцијата на Дуковски, кој подоцна се етаблира како еден од најизведуваните македонски драмски автори во светот.
Покрај тоа, успешно ги поставува и драмите „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски, како и „Лични огласи“ од Братислав Димитров. Важен дел од неговиот опус се и претставите „Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“ и „Јов“ од Венко Андоновски, реализирани во Драмски театар – Скопје.
Во периодот од 2006 до 2010 година ја извршува функцијата директор на Македонскиот народен театар, а од 2010 година е драматург во Драмски театар – Скопје, каде што активно учествува во креирањето на современиот репертоар.
Неговите претстави редовно се наградувани и селектирани на многу фестивали. Двапати ја добива наградата за најдобра режија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ – во 1993 година за „Game over“ (Народен театар – Куманово) и во 2007 година за „Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски (Драмски театар Скопје), при што и двете претстави се прогласени за најдобри во целина.
Во мај годинава Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ му ја додели и наградата за животно дело, признание за неговиот исклучителен придонес во театарската уметност.
Во Битола утрово во 8 часот се измерени 23 степени, објави УХМР.
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

Денеска во Скопје по кусо боледување почина Владо Јаневски (65), еден од најпопуларните македонски пејачи и автори. Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој се рекламираше на почетокот на годината, па потоа се откажа. Како што ни рекоа соработниците на пејачот, тој се лекувал во една од скопските приватни болници во последниве неколку месеци. Последниот настап за кој објави на социјалните мрежи е од март, кога ѝ беше гостин на хрватската пејачка Весна Писаровиќ на нејзиниот концерт во Филхармонијата. Јаневски одржа заеднички концерт со Момчило Бајагиќ-Бајага на 14 февруари во Скопје, а две недели потоа настапи на „Златна бубамара на популарноста“.
На 26.06.2026 во СВР Битола е пријавено дека биле одземени потопни пумпи и агрегат за струја во атар на с.Добромири, сопственост на приватна фирма која гради пречистителна станица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Деновиве започна изградбата на уште еден голем и исклучително значаен проект за жителите на село Добромири – пречистителна станица, изградена според најсовремените стандарди за заштита на животната средина. Со реализацијата на овој проект ќе се заокружи целокупната изградба на канализационата мрежа во селото, обезбедувајќи современо, безбедно и еколошки одржливо решение за третман на отпадните води, објави Општина Новаци .
Синоќа во Македонскиот КИЦ во Софија беше отворена изложбата „La Belle Epoque – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки“, во организација на НУ Центар за култура Битола и Државниот архив на Р. Македонија, одделение Битола,
избор на фотографии и реализација на изложбата: м-р Гоце Стојановски и Димитар Ѓорѓиевски. Директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, Зоран Пејковски објави дека оваа културна вечер е посветена на творештвото на браќата Манаки – пионерите на балканската фотографија и кинематографија, чие дело и денес претставува непроценливо сведоштво за историјата, културата и духот на едно време. "Вечерта не претставува само отворање на изложба и филмска проекција, туку средба со едно извонредно културно наследство кое ги надминува времето и просторот, бидејќи делото на браќата Манаки не е само уметност, туку тоа е визуелна хроника на животот, документ за едно општество во развој и трајна меморија за културните и општествените промени на Балканот. Во рамките на настанот беше отворена изложбата „La Belle Epoque – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки“, преку која посетителите имаа можност да ја доживеат Битола од почетокот на XX век – град кој бил вистинска раскрсница на цивилизации, каде што се среќавале Истокот и Западот, традицијата и модерното, создавајќи препознатлив културен и урбан идентитет. Вечерта продолжи со проекција на оригинални филмски записи од браќата Манаки, кои и денес претставуваат едни од најзначајните документи за историјата и културата на нашите простори. Исто така ја нагласив и улогата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија како институција која континуирано работи на промоција на македонската култура надвор од границите на државата. Преку вакви културни настани се создава простор за дијалог, меѓусебно разбирање и заемна почит, а македонското културно наследство добива заслужено место во европскиот културен простор. Особено ми беше драго што вечерта ја споделивме со гостите од Битола. Пред присутните се обратија директорот на НУ Центар за култура – Битола, Сашо Илковски, кураторот на изложбата Валентин Соклевски, кој го претстави концептот и значењето на изложбата, како и режисерот Благојче Божиновски од Културно-информативниот центар – Битола, кој зборуваше за филмското наследство на браќата Манаки и неговата историска вредност. Ваквите настани имаат особено значење за афирмацијата на македонската култура, нејзиното претставување пред меѓународната јавност, а делото на браќата Манаки продолжува да нè потсетува дека културното наследство е жива вредност која ги поврзува минатото, сегашноста и иднината, објави Пејковски. 
Тешка сообраќајка на Плетвар. Превртен камион со битолски регистарски ознаки. Едно лице го загубило животот, информираат од прилепската Брза помош. Несреќата се случила околу 18 часот. Сообраќајот е во прекин. Возачи велат дека колоната од возила што чекаат е долга околу 20 километри. Видео Ѓорги Ѓоргиевски за АПЛА.мк Според Македонија пат Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. Прекинот, како што информира ЈП „Македонијапат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот. https://www.facebook.com/share/v/18CEg1VL5G/
Тони Наумовски е годинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран.
– Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За жал никогаш немав прилика да соработувам со него но секогаш уживам, се радувам и му се воодушевувам на неговите маестрални актерски остварувања – вели Наумовски.