Анета Блажевска

Анета Блажевска

На 02.03.2026 во 01:45 часoт во СВР Битола било пријавено дека во казино на ул.„Филип Втори Македонски”, М.С.(38) од Битола го нарушил јавниот ред и мир, при што со метален предмет оштетил апарат за игри на среќа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Битола информира - На 28.02.2026 во 14:08 часот на ул.„Цар Самоил" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.К.  (44) од  Битола, затоа што управувал патничко возило „даеву" со битолски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.46 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Лишен од слобода битолчанец поради измамите со лажни лекари и сообраќајки, поднесена е кривична пријава 

 
СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ до Основното јавно обвинителство Битола поднесоа кривична  пријава против Д.Н.(67) од Битола и против две непознати лица поради сомнение за сторено кривично дело „измама" казниво по чл.247 ст.1 од КЗ.
 
Д.Н. и другите две лица телефонски се јавувале кај повозрасни лица, се претставувале како лекари и ги доведувале во заблуда дека членови од нивните семејства учествувале во сообраќајни несреќи и се здобиле со тешки повреди, па требало да дадат пари за нивно лекување. 
 
Тие успеале да измамат  84-годишна битолчанка и 83- годишен битолчанец при што им одзеле вкупно 20.000 евра, при обид да измамат 78-годишна жителка на битолско село на 27.02.2026, таа го пријавила случајот во СВР Битола и веднаш  се преземени мерки и активности, при што полициски службеници  на лице место го затекнале и го лишиле од слобода Д.Н. при обид да ги земе парите. Д.Н. во целост ги признал кривичните дела, по што е поднесена кривична пријава.
 
 

Градоначланикот Тони Коњановски објави дека од денеска во старата касарна  започна да се реализира проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, што опфаќа коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување.

 
Асфалтната површина ќе биде од 1550 м2, а вредноста на проектот е 7.382.097 денари.
 
Овие средства како Општина Битола ги обезбедивме преку вториот повик на владата од Министерството за транспорт, објави Коњановски .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани