2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

НОВА КНИГА ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

Мај 23, 2018

Во пресрет на големиот празник на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24 Мај, во Париз, Франција излезе од печат најновото поетско отстварување на македонскиот поет и писател Панде Манојлов  насловено како „Мајчин јазик“ ( „La langue Maternelle") во издание на Институтот за култура „Солензара“ во едицијата „Билингвистика“ напоредно на македонски и француски јазик. Оваа мошне значајна поетска книга од Манојлов која содржи триесет песни, на француски јазик ја препеа познатиот француски и светски литерат, поет и академик Атанасе Ванчев Де Траси кој годинава е предложен за Нобеловата награда за литература.

На насловот на корицата е фотографија од црквата Свети Канео во Охрид, како симбол и порака дека книгата е од автор од Република Македонија. Интересно е да напоменеме дека поетот и писател Панде Манојлов е автор на дваесет и седум книги, а само во последниот месец од печат се појавија четири: „Прегрни го светот“ (поезија за деца и млади), „Глас од душата“ (поезија за возрасни) и двете во издание на Матица Македонска - Скопје, „Мајчин јазик“ и „Копнеж по времето“. Во месец јуни оваа година Манојлов ја очекува и неговата најнова стихозбирка на македонски и арапски јазик која се печати во Палестина.

download

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани