2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Ода на радоста“ и' ја отсвирија отпуштените наставници на градоначалничката Петровска

Јуни 08, 2018

Oтпуштените наставници денеска и’ ја отсвирија „Ода на радоста“ , химната на Европската унија на градоначалничката Наташа Петровска пред вратите на Општина Битола. На четири транспаренти напишаа различни пораки прашувајќи ја градоначалничката „живот  ли е ова“ .

Тие неколку пати досега побарале  да се сретнат со градоначалничката Петровска, но досега не биле повикани на разговор.

 

-Денес бидејќи и евроамбасадорот Жбогар е во Битола се надеваме дека знае дека ќе оствари средба со градоначалник којшто 5 месеци не најде 5 минути време да ни одговори на нашите прашања. Градоначалник кој остави 75 семејства на улица и која што во неколку наврати се изјасни дека не била информирана, и доколку била ќе сме добиеле одговори. Колку поголема информираност од ова?Средба побараме во три наврати запишано сме со звездичка што значело важно , но договор нема, изјави на протестот Марина Стефановска Јовчева, отпуштена предметна наставничка.

Седумдесет и пет просветни работници од градинките, основните и средните училишта во Битола на почетокот на второто  полугодие останаа без работа откако новата локална власт не им ги продолжи договорите за работа.

-Сакаме да им се заблагодариме на новоназначените директори , наши долгогодишни колеги кои не ни ги продолжија работните договори ниту пак ни ги трансформираа работните односи и не оставија со млитаво образложение дека не е до нив. Му благодариме и на претседателот на Советот  на Општина Битола, што се прогласи за ненедлежен и најмногу на градоначалничката  затоа што и покрај толку обиди да се сретнеме не не удостои со средба. Како некој кој потекнува од оваа професија очекувавме повеќе разбирање и почит, рече Гордана Јоначиќ, одделенски наставник.

Од кабинет на градоначалничката Петровска по протестот известија дека „невработените“ учители средба да побараат следната недела.

-Бидејќи градоначалничката Петровска, денес е со однапред договорени средби со Амбасадорот на ЕУ, господин Самоел Жбогар, ги повикува претставниците на невработени учители, кои бараат прием, да се обратат до кабинетот на градоначалникот и да договорат термин за  средба во текот на следната недела, стои во дописот . 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани