2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Екс градоначалничката Петровска: Домаќински да се работи за да нема покачување на цената на комуналните услуги

Декември 26, 2023

 

Интегрално го пренесуваме соопштението на поранешната градоначалничка Наташа Петровска во  врска со предлогот за поскапување на водата кој не помина на Советот: .

„Поскапувањето на водата и канализацијата е актуелна тема за нас битолчани. Секако дека тоа е од посебен интерес бидејќи директно се пушта рака во џебот на граѓаните.

Барајќи аргументи за наводната оправданост на поскапувањето предлагачите се повикуваат на наводното поскапување во минатото.

Иако не би се занимавала со минатото сепак морам да напоменам дека првото барање за поскапување беше на самиот почеток на мојот мандат по предлог на Регулаторна комисија за енергетика. Но предлогот произлезе од барањето на раководството на Водовод поставено од Владимир Талески кои на 15 септември 2017 година, месец дена пред моето доаѓање на градоначалничката функција поднесоа барање за поскапување на водата.

По мое барање и предлог, Советот на почетокот на 2018 година не го усвои барањето за поскапување на водата и го врати на повторно разгледување на Регулаторна комисија за енергетика.

Согласно барањето на Водовод за регулирани цени во 2020 година при одредување на тарифите за цена на водата имаше незначителни поместувања на цената.

Драстичното зголемување на цената на водата е побарано на 15-ти мај оваа година од страна на ЈП Водовод Битола при што Регулаторната комисија донела одлука за утврдување на тарифата за водната услуга врз основа на која се формира и цената на водата.

Советот не го прифати предлогот но со тоа не завршува барањето за повисока цена на водата. Тоа значи само моментално одлагање на поскапувањето, бидејќи согласно законската регулатива доколку основачот, во овој случај Советот на Општина Битола, не донесе одлука тогаш во рок од 150 дена регулаторната комисија носи решение за започнување на постапка за донесување на регулаторна тарифа за водна услуга. Како ќе биди ќе видиме.

Но најмалку е важно кој ја носи одлуката. Важно е зошто се бара и зошто се носи одлука за поскапување на водата.

Во случајот на Битола цената се зголемува заради зголемените трошоци на работењето на Водовод. Секако на дел не можело да се влијае заради одредени надворешни фактори, но голем дел зависат од самото менаџирање на претпријатието. Од тие причини додека бев градоначалник низ постојан контакт со директорите на јавните претпријатија водевме сметка за рационално трошење на финансиските средства бидејќи во спротивно цената ќе ја плаќаат граѓаните. Затоа немаше огромно зголемени цени на комуналните услуги.

Како и да е битолчани нема да го избегнат поскапувањето на водата а за тоа главна причина се зголемните трошоци од работењето на јавното претпријатие Водовод и Нискоградба. Единствен излез е домаќинско работење и намалување на трошоците а со тоа и намалена цена на водата и канализацијата. Затоа е важно кој и како управува и раководи со Јавните претпријатија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани