АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со Фб статус за проблемот со кучињата скитници се огласи поранешната градоначалничка Наташа Петровска, осврнувајќи се на периодот кога таа беше на ова функција и нападите кои тогашната опозиција, а сегашната власт ги упатуваше кон неа за овој проблем. Исто така, Петровска таксативно ги наведува активностите кои се спроведуваа за време на нејзиниот мандат за овој проблем. Интегрално го пренесуваме ставот на поранешната градоначалничка Наташа Петровска.
ПАРИТЕ ИМ БЕА КАМЕН НА СОПНУВАЊЕ, А НЕ КУЧИЊАТА! ДОДЕКА ИМАА ПАРИ, КАВГИ НЕМАА!
Од завршувањето на мојот мандат сметав дека е коректно да се остави време на сите кои ветуваа поинакви политики да се снајдат и да отпочнат со реализација на истите. Иако гледам на сите многу тешко им оди.
Како поранешен градоначалник, многу добро знам во колку добра кондиција ја добија општината, со низа проекти кои беа изработени од општинската администрација и моите најблиски соработници, од кои некои беа не само со обезбедени пари туку и со веќе склучени договори за изведба (пред сама реализација), некои беа во процедура на јавна набавка ( што значи пак обезбедени пари) а некои беа со обезбедени пари пред јавна набавка. Но за тоа во друга прилика и поопсежно.
Повод за моето обраќање се последните случувања со кучињата скитници и меѓусебните обвинувања и префрлување на одговорноста.
На почеток, искрено жалам за лицата кои во изминатиот период настрадаа од кучињата скитници.
Чувствувам потреба да им укажам на одговорните за настанатата состојба и на сите кои учествуваат во политичката дебата дека својата неспособност не можат и не смеат да ја покриваат со префрлување едни на други бидејќи најодговорни се исклучиво тие кои раководат со органите на Општината.
Истите тие кои свовремено директно или индиректно ги организираа протестите пред општина и ме критикуваа како градоначалник, за неефикасност во решавање на проблемот, сега велат дека треба време, дека требаат проекти, дека требаат пари – што алудира на два моменти. Прво, времето како да требало само за нив. Второ, дека ништо, ама баш ништо, јас и моите соработници не сме направиле.
Но фактите се други. За разлика од периодот кога јас дојдов за градоначалник и кога немаше ни пари, ни проекти ни програма за напуштени животни, кучиња, сегашниве наследија пари, наследија проекти во одмината фаза и само требаше да продолжат, па нели се континуитет, ама застанаа и мислеа дека експресно се решава проблемот и бомбастично најавија изградба на најсовремен центар за згрижување на кучињата па дури и име му дадоа.
Но сега се гледа дека мислата му била со камуфлажа со кафези да ги замачкаат очите на јавноста, па се обвинуваат кој кого, кога и колку го лажел, а дали нешто се крие зад сето тоа брзо ќе се види.
Како што гледам на површина излезе дека главен проблем им е немањето пари. Очигледно парите кои беа во општинската каса им беа камен на сопнување на новата локална власт. Додека имаше пари немаа кавга. Кога ги изедоа (а ништо не се виде) кавгата почна. Но и за тоа во друга прилика.
Сега за фактите како системски се работеше за решавање на проблемот и за тоа дека ,,ништо не е направено“.
Во Август 2018 година, значи со неполна година на власт, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, едногласно одлучи, грантовата поддршка на УНДП во рамките на проектот ,,Унапредување на општинското владеење,, , во соработка со Министерството за локална самоуправа да ја искористи за решавање на проблемот со кучињата скитници
Во прилог ЛИНК: https://www.bitola.gov.mk/%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8.../
Во 2019 година веќе се изведоа првите чекори за соработка на фондацијата Бибевски со општината и Земјоделското училиште ,,Кузман Шапкарев,,
Во прилог ЛИНК:
https://www.bitola.gov.mk/%d1%84%d0%be%d0%bd%d0%b4%d0%b0.../
Во 2019 се донесе програма за решавање на проблеми со бездомни животни на подрачјето на Општина Битола
Во прилог ЛИНК:
http://www.bitola.gov.mk/.../06/SluzbenGlasnik_09_2019.pdf
Во март 2020 ги добивме целосно разработените материјали од проектот за што презентирам дел од дописот:
,,Со задоволство ги доставувам следните документи: концептуалните, идејно технички решенија за транзитен центар за бездомни кучиња, физибилити студијата, како и цртежите во Аutocad подготвени од страна на НАВАНТИ, проект избран како приеритетен за грант шемата за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, во рамките на проектот Унапредување на Општинското Владеење имплементиран од УНДП. Документите се одлична основа за понатамошен проектен циклус, односно за изработка на инфраструктурни основни проекти и изведба. Сметаме дека е ова многу важен проект кој што треба понатаму да се имплементира, бидејќи е од особено значење за општините, планските региони, но истовремено и за УНДП.,, (Доказни материјали за меилот исто така имам)
Во 2020 година (онаа КОВИДНАТА, можи затоа не се сеќаватат) се донесе ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2021 ГОДИНА
Во прилог ЛИНК: https://www.bitola.gov.mk/.../SluzbenGlasnik_20_2020-2.pdf
На 05.03.2021г (петок), со почеток во 11 часот, во салата на Советот на Општина Битола, се одржа Јавната Презентација за ЛУПД за формирање на градежна парцела со намена В2-прифатилиште за кучиња на дел од КП бр. 25/1, КО Битола 5.
Во прилог ЛИНК: https://www.bitola.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0.../
Почитувани од ,,сегашнава“ локална самоуправа, проблемот со кучињата не е ни од вчера не е ни лесно да се реши. Тоа го знам. Мора системски и во склад со закон, ама Вие дури сега тоа го сфативте. Затоа ,,претходнта локална самоуправа“ како што ја нарекувате, како што можете да видите од наведените факти ако погледнете на линковите, одеше чекор по чекор без некоја ,,помпа“. Не требаше ништо друго да направите освен да продолжевте да ги завршите проектите и денес ќе имавме модерен центар за собирање на кучињата скитници.
Но Вие сметавте дека е најважно да се сликате и да водите ПИ АР кампања. Не барајте виновник ни во Вашите претходници, ни во луѓето од околните села, ни во лекарите од битолската болница, ни во граѓаните. Вие сте најодговорни и никој друг!