АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Клиничката болница „Др.Трифун Пановски“ од Битола денес објави два конкурса за вработување на неопределено на 70 лица, од кои 52 медицински кадари, а останатите 18 кадри кои не се медицинари. Конкурсот ќе трае во следните пет дена и со новите вработувања болницата ќе се поднови со нови кадри во интерес на пружање поквалитетна здравствена услуга на пацинетите.
Во првиот конкурс наменет за медицински кадри на неопределено ќе бидат вработени 30 доктори со положен стручен испит, 10 медицински сестри со средна стручна спрема, акушерка, дипломиран фармацевт, радиолошки и фармацевтски техничари, физиотерапевти и друго.
Вториот конурс се однесува на немедицински кадар, а преку него за работа на неопределено се бараат правник, информатичар, возач, чистач, електротехничар, инженери по безбедност при работа, книговодител, пресметувач на плата, болничари, молери и друго.
Новите вработувања треба да придонесат за поефикасно екипирање на службите во болницата и уште повисоко ниво на здравствени услуги.