АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За реконструкција на Булеварот „Први Мај“ од Ленски мост до мостот кај „Хигиена“ остануваат уште триесеттина метри. Просторот заличува на шеталиште и потсетува на старите добри времиња кога покрај реката Драгор на овој потег се движеле исклучило само пешаци, што не беше случај до пред неколку месеци кога помунуваа и возила. И дуќанџиите се задоволни од реконструкцијата на улицата, со надеж дека муштериите ќе имаат подобар и полесен пристап до нивните дуќани.
-Од вкупната должина, за реализација остануваат уште 30 тина метри во делот на коловозот, каде заради заштитеното градско јадро и зачувување на амбиенталноста на Старата чаршија, неопходно е да се пререди и задржи коцката. Реализација на овој проект и завршувањето на активностите во делот на коловозот со изградбата на новите тротоари, ќе биде комплетирана најдоцна до средината на месецот, - потврдија од Општина Битола.
Во завршна фаза се активностите за реализација на проектот за употреба и одржување на линиската инфраструктурна градба на ул.Булевар 1 мај, во должина од Ленски мост до мостот кај „Хигиена“ со вкупна должина од 166 метри. На овој потег, ЈП „Водовод“ постави нова водоводната мрежа и нови приклучоци до сите објекти, додека ЈКП „Нискоградба“ заврши со поставувањето на канализационата мрежа, а од подземните инсталации завршено е и поставувањето на инсталациите за електрична енергија и телефонија.
Досегашната реализација е со вредност од 4 052 000 денари.