АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најпознатата битолска улица Широк Сокак досега осум пати го менувала името. Опстојувајќи со векови, секоја нова власт ѝ го менувала името. Била нарекувана по султани, српски кралеви, бугарски цареви, југословенскиот маршал, за на крај битолчани да си го наречат само Широк Сокак.
Хроничарот на Битола, професорот Александар Стерјовски во неговата книга „Калеидоскоп“ пишува дека Широк Сокак првин бил наречен „Хамидие Џадеси“ според тусркиот султан Хамид. Потоа, по победата на Младотурската револуција од 1908 година „Уриет“, па во српско време „Крал Петар“, во бугарско „Цар Борис Трети“, во СФРЈ „Маршал Тито“. Но, го носал и името „Локанда“ по истиомениот хотел што од крајот на 19 век и почетокот на дваесетти век постоел на Широк Сокак.
Има податоци дека хотелот прво бил во сопственост на Реџеп паша, а подоцна го купил основачот на парохијата на француските лазаристи во Битола, отец Жан Жозеф Лепавек. Потоа, улицата се нарекувала „Корзо“ и во последно време Широк Сокак.