2win800x200

"Менопауза" на Тијана Дапчевиќ вечерва ќе го отвори Фестивалот на монодрамата во Битола

Април 23, 2026

Со популарната претстава „Менопауза“ со актерката Тијана Дапчевиќ свечено ќе биде отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во НУ Центар за култура – Битола, додека фестивалот ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“ на сцената на Народен театар Битола. img 0867

Годинашното издание на фестивалот ќе донесе 13 монодрамски претстави од 10 држави: Казахстан, Египет, Ерменија, Романија, Чешка, Бугарија, Полска, Италија, Грузија и Македонија.

Во рамките на програмата ќе бидат изведени три македонски претстави, со што фестивалот продолжува да ја поддржува и афирмира домашната театарска продукција.

 
 

Покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот ќе понуди и Офф-програма, која вклучува ретроспективна изложба „Лауреати на фестивалот“, уличен перформанс „Статуи“ на Широк Сокак, како и неколку тематски работилници.

Со своето 27. издание, Интернационалниот фестивал на монодрама повторно ја позиционира Битола како значајна точка на театарската мапа, каде се среќаваат различни актерски поетики, сценски јазици и култури од целиот свет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани