Гламурозно отворање на 27 Интернационален фестивал на монодрамата во Битола. Свечено отворање со настапот на Бојан Стојков и
stand-up комедијата „Менопауза“ и настапот
на Тијана Дапчевиќ
Во Битола отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама
Новото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама синоќа почна со спектакуларно отворање кое го приреди НУ Центар за култура-Битола низ мега-изложба на фотографии „Лауреати на фестивалот“, музички перформанс и монодрама која ја изведе актерката Тијана Дапчевиќ.
Гостите од градот, државата и странство ги поздрави Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура кој истакна дека на фестивалските сцени во Битола ќе настапат актери од повеќе европски земји и од Египет.
-Годинава фестивалот се одржува под мотото „Огледало на вистината“ со што сакаме да ја истакнеме суштината на монодрамата. Сцената како простор каде се огледуваат, личните, општествените и универзалната вистина. Во време на информации, но и дезинформации, веруваме дека уметноста има важна улога, да поставува прашања, да отвора дијалог и да поттикнува на размислување. Фестивалот нуди богата програма, а ќе снимиме и документарен филм кој ќе претставува траен запис за неговото значење и развој, посочи Илковски. Фото Сашо Ставрев
