АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Одводните канали во Пелагониското поле во делот на Општина Новаци се чистат пред есенските дождови. Денеска механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ чистеше на потегот кај селото Рибарци, а екипи од претпријатието повеќе од 30 дена е во атарот на Општина Новаци.
- Механизација на „Водостопанство-Битолско поле“ се во атарите на нашите села, се чисти целокупната каналска мрежа. Активностите почнаа од атарот на селото Живојно, потоа се чистеше на потегот од селото Гнеотино кон селото Брод, десно кон Црна Река. Денеска се чисти канал во атарот на селото Рибарци во должина од 12 километри, но вкупно каналската мрежа која треба да биде исчистена е преку 20 километри. Исто така неколку дена имаше чистење на помали канали и во селата Долно и Горно Агларци со цела при поројни дождови да не се поплавуваат земјоделските површини . Но тоа ќе биде превенетивно и за на пролет кога при поројните дождови истотака може да дојде до поплавување на нивите. Значи каналската мрежа мора да биде исчистена заради навремна обработка на земјоделските површини, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузмановски, најавувајќи дека активностите на „Водостопанство-Битолско поле“, ќе продолжат во атарот на селото Новаци на десеттиот канал во должина од два до три километри.
Чистењето на каналите е во соработка на „Водостопанство-Битолско поле“ и Општина Новаци , така што според програмата за чистење на каналите, сиот финански товар го сноси претпријатието.
-„Водостопанство -Битолско поле“ од ноември 2015 година е во склоп на АД Водостопанство на Република Македонија. Во овој момент претпријатието брои 20 вработени. Во текот на целата година сме ангажирани на чистење на каналите, такашто од јануари годинава до сега се исчистени 64 километри во канали, потврди техничкиот директор на „Водостопанство –Битолско поле“ Дејан Заровски.