АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за обука и едукација, Лотус Ј, започна со реализација на проектот Лотус Ј Нов Почеток, наменет за ранливи категории на граѓани кои ќе имаат можност бесплатно да го изучуваат англискиот јазик, да се стекнат со компјутерски вештини, а ќе се одржуваат и работилници за стекнување работни вештини и како хоби да стане извор на приходи.
Групите по англиски јазик започнаа со работа на почетокот на март, додека обуките за компјутерски вештини ќе започнат со работа следниот месец.
Во бесплатните обуки, работилници и сесии можат да се вклучат лица со посебни потреби, самохрани родители, жртви на семејно насилство, деца без родителска грижа, корисници на социјална заштита и деца на лица од овие категории.
-Проектот има за цел да обезбеди можности за подобра иднина на овие ранливите групи, полесно вклучување во општествениот живот, како и стекнување работни способности кои позитивно ќе придонесат кон подобрување на нивниот социо-економски статус, велат од Лотус Ј
Ианку проектот кој го спроведува Лотус Ј е финансиран од Амбасадата на Австралија преку Програмата за директна помош
Сите заинтересирани можат да се пријават на телефонскиотб рој 071 385 682, во просториите на Лотус Ј во комплексот Пелагонка 2 и на ФБ страницата Lootus J New Beginning