АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со финансиска поддршка на Австралиската амбасада, лицата од ранливите категории се вклучени во проектот „Учи, работи, биди продуктивен“, преку кој им се овозможува бесплатно да го изучуваат англискиот јазик, да се стекнат со компјутерски и работни вештини.
Проекот го спроведува Центарот за обука и едукација Лотус Ј, започна во феврауари и ќе трае до јуни, а денеска беше презентиран пред нерезидентниот амбасадор на Австралија за Македонија, Србија и Црна Гора со седиште во Белград, Рут Стјуарт, почесниот австралиски конзул во Македонија Зоран Костовски и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.
-Целта на овој проект е да обезбедиме можности за подобра иднина на лица од ранливи категории преку обуки со кои ќе се зголемат нивните шанси за вработвање, со што се зголемува нивното учество во општетсвеиот живот и нивниот социо економски статус. Интересот е многу поголем од она што првично го прдвидовме, досега се вклучени 70 лица. Предвдиени беа дваестина лица, но до крајот на овој проект бројот ќе биде далеку над планираниот, рече Симона Јовеска, од Лотус Ј
Австралиската амбасадорка Стјуарт истакна дека е среќна кога вложените средства имаат вистинска намена.
-Овде може да се увериме дека нашите заложби за подобра шанса на пазарот на трудот на лицата од ранливите категории се испочитувани, а истовремено ја даваме поддршката и на што поголема застапеност на жените на пазарот на трудот, истакна Стјуарт.
Градоначалничката Петровска рече дека Општина Битола ги поддржува проектите на инклузија на лицата со посебни потреби, како и на останатите ранливи категории, како самохраните родители, жртвите на семејно насилство итн.
-Ова е уште еден доказ дека секој хендикеп, од било каков вид, не треба да претставува пречка на патот на успехот на секоја индивидуа, која има јасна цел, рече Петровска.
Носителката на проектот, Симона Јовеска им порача на претставниците на бизнис заедницата да вработуваат лица од ранливите категории и да им подадат рака за подобар заеднички живот.