2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Заклучоците на Општина Битола прифатливи за „Еурофарм Работник“

Август 01, 2019

Општина Битола и „Еурофарм Работник“ се усогласија околу главните теми за фузија на двата ракометни битолски клуба во еден. Како што денес изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола, за „Еурофарм Работник“ прифатливи се заклучоците што беа донесени пред два дена на општинскиот Советот. За нив прифатливо е сопствеништвото во двата клуба да биде 75 проценти на „Еурофарм Работник“, а 25 проценти на Општината. Понатаму, приватниот субјект годишно да вложува 45 милиони денари, а Општината 15 милиони денари. Оваа сезона да се игра со сино-бели дресови, а в година да екипите да имаат и сино-бели и зелено-бели дресови. За понатамошно договарање останаа само одредени режиски трошоци околу Спортската сала.

 

 

Советот денес изгласа точки на дневен ред поврзани со отпочнување на реконструкција на санитаријата која се наоѓа под јужната трибина и засилување на осветлувањето. Тоа се едни од условите во салата да може да се играат натпревари од СЕХА и Лигата на Шампините.

Иваначо Тошевски од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ рече дека за нив е значајно двата правни субјекти во текот на петте години колку што трае договорот да ги исполнат стандардите за во битолската Спортска сала да можат да се играат меѓународни натпревари. Тоа, рече, ќе биде цврта гаранција дека битолчани ќе гледаат квалитетен ракомет, во спротивно ризикуваме и покрај сумите што ќе се оделат во иднина натпревари од ваков ранг да се играат надвор.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани