2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчани се приклучија во цртањето лого на кампот „Патоказ кон помирувањето“

Август 12, 2019

Викендов Битола беше раздвижена и живописна за што придонесоа и активностите на младите учесници од меѓународниот младински камп „Патоказ кон помируваењето“ кој по четврти пат се одддржува во Битола. Во кампот учествуваат младинци од Израел, Германија и Македонија.

 

Во саботата вечерта на плоштадот  Магнолија младинците од кампот ги разиграа битолчани како и странските посетители и туристи со танци, односно изведувајќи „флеш моб“. Беше навистина разиграно и весело, а се слушаа  различни јазици и аплаузи.танц

Завчера преку ликовниот перформанс на шест различни платна, поставени на сликарски  штафелаи вдолж Широк Сокак, младите од кампот, го боеја логот на кампот и ги канеа битолчани да им се придружат, што наиде на голем одзив и воодушевување. Вчеравечер перформансот продолжи пред Центарот за култура, каде сите платна се споија во едно ЛОГО.IMG 20190811 102345

IMG 20190811 101204

Програмата продолжи со заедничко дружење и проекција на документраниот филм „Гита Калдерон , хероината која го преживеа холокаустот“, работен од млади гимназијалци од „Јосип.Б.Тито“, под менторство на професорот по македонски јазик Никола Трајковски.

Кампот трае до 18 Август и основна цел е запознавање на младите од трите земји со историското минато и извлекување поуки од темната страна на минатото како и трасирање пат кон помирување со истото...

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани