2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ФОРМИРАНА Е СЕДМАТА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

Август 22, 2019

На денешен ден, 22 август,  во 1944 г. во село Зборско, Мегленско, Егејскиот дел на Макекдонија, е формирана СЕДМАТА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

Тоа е воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од битолскиот партизански баталјон "Стив Наумов" од составот на Втората македонска бригада и новопристигнати борци од Битолско. По формирањето преминала во Битолско, каде што ги напаѓала позициите на бугарските сили на просторот Ресен-Битола: граничните караули на планита Кајмакчелан од 24 до 28 август 1944 г., во Преспа од 5 до 7 септември 1944 г.

По капитулацијата на Бугарија, влегла во составот на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ.

Во наредниот период водела непрекинати борби против германските сили на комуникацијата Ресен-Битола, учествувала во ослободувањето на населените места во Преспанско и Битолско, влегла во Битола на 4 ноември 1944 г. и учествувала во ослободувањето на Кичево и Зајас од 15 до 18 ноември 1944 г. 

По реорганизацијата на единиците во декември 1944 г., дел од борците влегле во состав на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ, а друг дел во Четириесет и втората (македонска) дивизија на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ. 

Истовремено во составот на Седмата бригада влегла Четвртата шиптарска бригада, претежно со борци од албанска националност. Од овој период во литературата е позната и како Седма македонско-албанска бригада, а некогаш како Седма албанска бригада. Со Корпусот учествувала во пробивот на Сремскиот фронт, во ослободувањето на Славонска Пожега и Загреб, а потоа во мај 1945 г. била расформирана.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани