АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најголем дел од 633 ученици од основните училишта во градот одговориле дека многу ретко (48,4 проценти) или никогаш (33 проценти) не фрлаат отпад на несоодветно место. Ова се само дел од резултатите добиени од анонимата онлајн анкета што ја спроведе Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола во рамки на прокетот „Разбудете ја еко- свеста во себе“ финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија.
Спроведени се и други бројните проектни активности насочени кон зголемување на свеста кај учениците за соодветно третирање на отпадоците, зголемување на свеста на ромското население за последиците од палењето на кабли и постигнување на поефикасни мерки на комуналните претпријатија за чистење на отпадот, мониторинг и зголемување на јавното зеленило.
Со анкетата беа опфатени ученици од шесто до дветто одделение од основните училишта „Тодор Ангелевски“, „Стив Наумов“, „Даме Груев“, „Коле Канински“ и „Ѓорги Сугарев“. Се добија конкретни информации за навиките на учениците кон животната средина и третирањето на отпадот.
Добиените податоци покажаа дека на 86,4 проценти им пречи да престојуваат на место каде има отпад, но има и мал број ученици (9,3 проценти) кои одговарат дека не им пречи зашто отпад има секаде и 4,2 проценти кои велат дека не го забележуваат отпадот. Сепак, дури 61,7 проценти признаваат дека учениците малку се грижат за загадувањето во животната средина. Над 75 проценти признаваат дека отпадот околу училиштата е од учениците, а само половината преземаат некаква активност со отпадоците.
Повеќе од половина од учениците кажуваат дека на училиште често разговаат за проблемите во животната средина, а дома многу ретко. Во однос на училиштата над 80 проценти од учениците сметаат дека хигиената може да биде на повисоко ниво и дека треба повеќе да се води грижа. За решавање на проблемот со отпадот околу училиштата предлагаат да има редовно чистење (13,2 проценти), повремени акции (43,2 проценти) и вклучување на сите 39,2 проценти. (Повеќе податоци на линкот https://geosfera.weebly.com/1055108810861077108210901080.html?fbclid=IwAR32Uhd_YEvpwjlxacTBl5OLTqkdI1c0w_jEw4MlDj5qGbcZYKlyIOQwm8k
Во рамките на проектот „Разбудете ја еко-свеста во себе“ од 14 до 19 ноември годинава во хотел „Театар“ беа реализирани првите две од трите едукативни работилници со ученици од пет основни училишта во Битола на тема: „Справување со отпадот - редуцирај, рециклирај, реупотреби!“ На работилниците учествуваа 50 ученици каде на интерактивен начин беа запознати со состојбите со отпадот во градот.
„Преку креативни работилници и игри научија како отпадот да се селектира, рециклира и како да се реупотреби за друга намена. Работејќи во групи се дружеа меѓусебно и изработија корисни предмети, како: касички за монети, чантиња за моливи, цветови од хартија и сл. За успешно спроведените активности, но и за продлабочување на знаењата и дисеминација на стекнатите знаења пред останатите ученици во училиштата, на сите учесници им беа доделени еколошки атласи“, велат од „Геосфера“ Битола.
Ж.З.