2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Средба Петровска-Тошевски, нема да има вонредна седница на Совет

Март 16, 2020

Претседателот на Комисијата за безбедност при Советот на Општина Битола и лидер на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски, оствари средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. На средбата Петровска го информираше Тошевски за сите досегашни преземени активности од страна на Општината, а поголемиот дел од нив се совпаднаа и со предлозите на опозицијата. Заеднички се разговараше за формата на помош, која во периодот што претстои можеби ќе биде потребна и на локално ниво.

 

Градоначалничката Петровска се заблагодари на иницијативата на Тошевски за поддршка и подготвеност во однос на волонтери, кои што треба да се пријават и евидентираат во Општинската организација на Црвениот крст Битола, со што би се ставиле во функција на активностите координирани од ова тело.

Двајцата соговорници се согласија дека сите преземени активности треба да продолжат да имаат институционален и професионален пристап. Градоначалничката на средбата истакна дека очекува и останатите политички субјекти да го следат промерот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, на институционална организациона поставеност.

Во однос на барањето на независната група советници од Поинаку за одржување на вонредна седница на Совет, градоначалничката рече дека за тоа има пропишани правила,  а мерките за за заштита веќе се преземаат. 

,,Како градоначалник ги спроведувам сите закони и дефинирани активности, ќе продолжам да се однесувам во насока на почитување на пропишануте препораки на Владата, Централниот кризен штаб и здравствените институции. Од она што сме го презеле досега, мерките не се произлезени денес туку ид сите досегашни средби со релевантните институции. За вонредна седница деловникот јасно има пропишано како се реализира, но во моментов чинам дека хиерархиската поставеност и почитување на стручноста, ни е повеќе од нужно", ррче Петровска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани