2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Тимови од Општина Могила им носат храна и лекови на старите и болни сограѓани и лицата во изолација

Март 19, 2020

Два тима на Општина Могила од неделата им носат храна и лекови на старите и изнемоштени лица во населените места во општината , како и на лицата кои се во изолација. Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска за Апла.мк  потврдува дека

тимовите се формирани од страна на вработени во општинската администрација во рамките на Кризниот штаб кои секој ден им помагаат на старите  болни и изнемоштени лица во набавка на најосновните продукти за живот.

-Храна , лекови и се за што нашите сограѓани имаат потреба им доставуваме преку нашите два тима. Опфатени се  претежно старите лица, болните и изнемоштени граѓани, како и оние кои патувале во кризните подрачја па сега се во изолација од 14 дена. Во вакви моменти сите ние треба да покажеме солидарност, хуманост  за секој од нас. Тоа го прави и Општина Могила, изјави за Апла.мк Гулевска.

Помошта на мобилните тимови на Општина Могила ќе се состои од

Помош за набавка на намирници;
Подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето;
Плаќање на сметки

Оваа активност започнува од утре и сите граѓани може да се обратат на следните телефонски броеви-

☎️070/726-223 Тони
☎️078/479-270 Зоран

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани