АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Одделот за внатрешна контрола при МВР е известен за недоманешниот инцидент што се случил помеѓу тројца битолски полицајци. Според полицискиот извештај, пред два дена во 23,30 часот полицискиот службеник И.Д. од Битола пријави дека два часа претходно на крстосница од улиците „Партизанска“ и „Методија Андонов Ченто“ управувајќи го сопственото возило „ауди“ бил сопрен од полициските службеници Б.Б. и А.Ј. од СВР Битола кои, како што се пожалил, со приватно возило „цитроен“ вршеле службени дејствија.
Тој пријавил дека откако претходно возеле позади него и му давале светлосен знак да сопре, во моментот кога сакал на крстосницата да сврти лево бил сопрен од нив со попречување на патот. При тоа во обид да им се легитимира на инспекторите кои лично ги познавал и се обидувал да им се претстави дека и тој е полициски службеник, инспекторот В.Б. го извлекол од неговото возило, укажувајќи му дека во моментот извршуваат службени дејствија по одредена акција истиот го оттурнал кон возилото и, според пријавеното, го удрил.
Во полицискиот извештај пишува дека, веднаш после тоа го напуштиле местото на настанот и се упатиле во непознат правец. Полицаецот И.Д. настанот го пријавил во СВР Битола за што приложил и медицинска документација за повредите за сторено кривично дело малтретирање во вршење на службени дејствија.
И инспекторите В.Б. и А.Ј. во 01.30 часот во СВР Битола го пријавиле другиот полицаец за спречување на службено лице во вршење на службени дејстија. Тие се пожалиле дека откако се упатувале кон местото каде требало да постапуваат за друг настан, биле најпрво попречувани да го престигнат возилото „ауди“ , а потоа им бил попречен патот кај споменатата крстосница. Откако му се легитимирале на возачот кој им соопштил дека и тој е полициски службеник, јасно му укажале дека се на службена задача и дека ги спречува во акција која е во тек. Освен вербалната комуникација истите го негираат нападот кој го пријавил полицаецот И.Д.
За настанот известен е јавен обвинител од Битола и Одделот за внатрешна контрола,криминалистички работи и професионални стандарди Скопје.