2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Фатена група која крадела од црквите во Пелагониско

Декември 19, 2017

Битолската полиција поднесе кривична пријава против С.А.(27), С. А. (27) В.К. (37) сите од Прилеп, поради постоење на основи на сомнение за сторени двет кривични дела тешка кражба и едно кривично дело тешка каржба во обид.

Пријавените во десет наврати во периодот од август до ноември годинава извршиле тешки кражби на цркви на подрачјето на општините Битола, Новаци и Могила, и тоа во селата Агларци, Далбеговци, Дедебалци, Беранци, Лознани, Новоселани, Вашарејца, Трап и Новаци.

Тие влегувале во црквите и одземале најчесто пари, но и бакарни предмети кои се користат за кршевање, продолжни кабли, златни ланчиња и друго. Кражбите ги вршеле групно на начин што со употреба на физичка сила и погоден алат ги кршеле катанците, ги отворале влезните врати од црквите, влегувале внатре, пребарувале и ги одземале предметите.

Пријавените со превземените дејствија предизвикале вкупна материјална штета од 126.000 денари.                                                                                                                   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани